Прва изјава на Далиќ: Еден момент го реши финалето

Хрватскиот селектор Златко Далиќ ги донесе „коцкестите“ на чекор до „фудбалскиот рај“, но тој и неговите избраници немаа сили да слават во битката за трофејот против Франција. Кај кормиларот на Хрватска владееше големо разочарување по денешниот пораз, особено ако се знае дека „триколорите“ одиграа токму онака како што тој предвидуваше, но сепак на крајот стигнаа до пехарот.

„Французите со ништо не ме изненадија, се бранеа и играа на контранапади, но ете, сепак успеаја да стигнат до титулата. Рано дадоа гол, ние возвративме на вистински начин, но потоа дојде пеналот. Тој момент го реши финалето, бидејќи по него не успеавме да се вратиме во посакуваниот ритам. Тажни сме и горди, испишавме историја, но знаеме колку малку ни недостигаше за да се искачиме на самиот врв“ – гласеше првата изјава на Златко Далиќ по поразот од Франција.

Се вчитува...