Неверојатен пречек во Загреб доживеаја хрватските репрезентативци по освојувањето на сребрениот медал на Светското првенство во Русија.
Малку виден спектакл на улиците на главниот град на Хрватска, каде Модриќ и компанија ги пречекаа вкупно 500.000 Хрвати. Почнувајќи од аеродромот во Загреб па се до плоштадот „Бан Јелачиќ“ конвојот на „коцкестите“ беше пратен од илијадници хрватски навивачи.
На крај, со солзи во очите, Златко Далиќ, Модриќ, Ракитиќ, Манџукиќ и останатите се појавија пред насобраните маси на плоштадот „Бан Јелачиќ“ нагласувајќи го воодушевувањето од начинот на кој ги пречека Хрватска…
Впрочем, за тоа како хрватските фудбалери беа пречекани, доволно зборуваат фотографиите….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА