Англискиот премиерлигаш Ливерпул тргнува по Алисон Бекер, бразилскиот голман од редовите на Рома. Според „Ла Република“, раководството на европскиот вицепрвак испрати официјална понуда за ангажман на еден од надобрите светски голмани. Јирген Клоп нуди 70 милиони евра за ангажман на Алисон.
Иако претходно имаше информации дека Клоп е подготвен да му даде нова шанса на Лорис Кариус, кој имаше две кардинални грешки во финалето на Лигата на шампионите, сепак, тој ќе се обиде да стигне до Алисон Бекер. Ливерпул нуди 60 милиони евра веднаш, и дополнителни 10 милиони евра како бонуси во договорот. Рома бара уште дополнителни 5 милиони евра, така што предвидувањата се дека лесно може да биде постигнат договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА