Искусниот напаѓач Дејан Цветаноски е најновото засилување на второлигашот Струга Трим Лум.
По ангажманот на Далчески, Лена, Каланоски и Лога, стружани со уште едно квалитетно засилување носени од амбициите за влез во Првата лига следната сезона.
28-годишнот Цветаноски во Струга доаѓа од Ренова, каде настапуваше изминатава сезона, а претходно во својата кариера беше дел и од Пелистер, Победа, Тетекс, Хоризонт Турново и Напредок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА