70 години од Porsche прославени на легендарниот Goodwood Festival of Speed

Историската тркачка патека Goodwood му оддаде чест на Porsche и неговите 70 години постоење со централна прослава на 2018 Festival of Speed, настан кој што се одржа од 12-15 јули.

Во блескава атмосфера, славејќи ја седумдесетата годишнина од производството на првиот автомобил со познатото германско име во 1948, беа прикажани голем број на историско значајни модели на патни и тркачки автомобили. Познатата патека Goodwood Hill беше домаќинот на многу примери од спортски и тркачки автомобили кои во текот на седум генерации оставија значаен белег во историјата на автомобилизмот. Зад управувачите на препознатливите модели се најдоа многу познати личности од автомобилскиот свет.

Сé започна  во јуни 1948 година со првиот Porsche 365 Roadster, со што беше остварен сонот и изворната идеја за спортски автомобил на Фердинанд Порше, основачот на Porsche. Само осум години по првиот модел 365, Porsche доаѓа до број од 10 000 произведени примероци од овој сега веќе легендарен модел. Тоа било јасно дека станува збор за полн погодок и за можност Porsche да стане тоа што е денес, синоним за спортски автомобил на највисоко ниво и патнички автомобил кој што го посакува секој.

Комерцијален текст

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...