Младинската репрезентација на Македонија во третиот обид го забележа првиот триумф на Европското Првенство – Б дивизија што се одржува во Софија, откако нашите кошаркарски надежи попладнево славеа над Азербејџан со резултат 74-67.
Стартните десет минути ги одигравме катастрофално постигнувајќи само седум поени (7-12), за потоа во втората четвртина да го свртиме резултатот во наша полза и на одмор да заминеме со водство од 28-25. Мечот беше израмнет се до пет минути пред крајот, кога Македонија влезе во серија, противникот направи и една намерна грешка, па „црвено-жолтите“ поведоа со двоцифрена предност (66-56). Азербејџан експресно ја преполови разликата на 66-61, но Ефремовски беше на висина на задачата кога беше најпотребно, постигнувајќи клучни поени и осигурувајќи ја победата.
Виктор Ефремовски со 20 поени и пет асистенции беше клучна фигура во нашиот табор, додека Крстевски стигна до дабл-дабл од 16 поени и 11 скокови, а Леонид Тодоровски реализираше 18 поени.
Македонија во следниоот натпревар утре ќе ги одмери силите со селекцијата на Белорусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА