Менаџерот на Глазгов ренџерс, Стивен Џерард очекувано задоволен од пласманот на неговиот тим во следната рунда натпревари од квалификациите за Лигата на Европа.
Легендата на европскиот фудбал потенцираше дека против себе имале тежок ривал, но на крајот заслужено продолжуваат понатаму…
„Задоволни сме од резултатот и од пласманот во следното коло. Ја контролиравме играта, создадовме неколку шанси но ете не успеавме да реализираме. Имавме две лица, на стартот не бевме добро организирани и противникот нападна силно, но потоа ја преземавме контролата и бевме на потребното ниво. Имавме и квалитетен ривал против себе, но сепак најважно е дека одиме понатаму, а ќе се обидеме и да играме многу подобро во иднина“ – истакна Џерард на прес-конференцијата по мечот.
Од македонските фудбалер на Џерард посебен впечаток му оставил повремениот македонски репрезентативец Муарем Муарем…
„Шкупи ми остави добар впечаток посебно на првиот меч на Ајброкс, а Муарем Муарем ми остави лично одлична слика како фудбалер што може да игра европски фудбал“ – рече Џерард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА