За Вида се вртеше вол од 500 килограми, среќа имаше и многу ракија

Домагој Вида беше во главна улога при вчерашната парада на хрватските фудбалски херои низ Загреб, а искусниот дефанзивец дефинитивно има „кондиција“ да продолжи со славјето и подолго од 24 часа.

А мора да е така, откако Вида денеска пристигна во родното место Долни Михољац, каде во негова чест беше организиран специјален дочек, а на менито – вол од 500 килограми што се вртеше на ражен додека се чекаше доаѓањето на репрезентативецот.

Дочекот беше пред дворецот Маилат, пред фудбалерот наредени возеа бројни мотоциклисти, а зад нив Вида пристигна качен во кочија.

„Голема благодарност до сите навивачи и на Долни Михољац. Најголем успех од се ни е што ја обединивме нацијата. Прославата вчера беше неверојатна, па така не славеа ни Французите“ – порача Вида.

Тој повторно беше меѓу најгласните како и во Загреб, а на прашањето како се уште има глас по толку викање и пеење, следеше одговор во негов стил: „Среќа има многу ракија“.

Се вчитува...