Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Роберто Мартинез, му порача на Еден Азар да си замине од Челзи. За репрезентативецот на Белгија кој одигра одлично на Светското првенство во Русија е заинтересиран Реал Мадрид.
„На играчите им се потребни нови предизвици и нови проекти. Сметам дека е време Челси и Азар да се разделат. Би бил изненаден ако Челси нема големи понуди за него“ – вели Мартинез.
Реал Мадрид ги разгледува опциите за нов напаѓач по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус. Тимот од Мадрид наводно сака да ги купи во пакет Азар и голманот Тибо Куртоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА