Реал Мадрид би можел да се врати во игра во трката по Нејмар по информацијата дека бразилскиот ас повеќе не е сметан за „недопирлив“ во ПСЖ. Имено, катарските газди останале разочарани од негативниот публицитет што Нејмар го навлече на себе со честите глуми за време на СП 2018, за разлика од Килијан Мбапе кој од „чудо од дете“ во Русија се промовираше во нова фудбалска мегаѕвезда.
Извор од Катарската Фудбалска Федерација тврди дека „светците“ сега сакаат тимот да го насочат околу Мбапе како главна ѕвезда, па со самото тоа Нејмар веќе не би бил „недопирлив“ и би можел да си замине ако се добие интересна понуда. Конечната одлука би ја имал тренерот Тухел, но самата промена во ставот на управата е предзнак дека Реал би можел да се врати во игра кога станува збор за ангажманот на бразилската суперѕвезда.
Флорентино Перез на вчерашната промоција на Одриозола најави доаѓање на „суперѕвезда“ во Мадрид, па иако се водат преговори со Челси за Еден Азар, шпанските медиуми најавуваат дека првиот човек на Реал сепак е насочен на Нејмар. Во таков случај ПСЖ би сакал во најмала рака да си ги врати оние 222 милиони евра што минатото лето ги плати на Барселона, но парите досега не биле проблем за „кралскиот клуб“ кога се носеле суперѕвезди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА