Пјуник дојде во Скопје и уште еднаш го тресна Вардар, овојпат со 0-2. Вардар беше трагичен, а ерменскиот тим знаеше тоа да го искористи. Го навлече македонскиот вицепрвак, кој мораше да бара погодок во завршницата, и го казни со противудари. Тренерот на Пјуник, Андреи Талалајев, вели дека свесно ја чекале својата шанса и успеале да ја искористат.
„Имавме трпение, го чекавме Вардар да се отвори, и го казнивме. Успеавме во нашата намера, да се одбраниме, и да зададеме противудар. Ова беше тежок натпревар. Имавме две убави можности и во првиот дел, но на полувремето немаше голови. Во второто полувреме, добро се позициониравме, и знаевме дека Вардар ќе тргне да постигне гол. Промените што ги направивме ни донесоа триумф, и среќни сме со нашето издание“, изјави тренерот на Пјуник, Андреи Талалајев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА