Александар Васоски имаше неславно деби на клупата на Вардар. Неговиот тим загуби со 0-2 од Пјуник на домашен терен и со вкупни 0-3 е исфрлен уште на стартот од настапите во квалификациите на Лигата на Европа. Но, сигурно не е тој најголемиот виновник. Ниту пак овие фудбалери кои сега го носат „црвено-црниот“ дрес. Се јавија и „Комитите“ со слоганот „Управа п*дери, сите да си одите!“, а и Васоски си кажа конкретно и искрено…Овој Вардар е како Реал да остане без Крос, Модриќ и Кашемиро.
„Вардар лани и овој тим, не можеме да ги споредуваме. Лани имавме репрезентативци, го имавме и Фелипе, кој беше еден од најдобрите играчи во тимот. Ова сега е како на Реал Мадрид да му заминат Модриќ, Крос и Кашемиро, јасно е дека ги загубивме клучните играчи во тимот. Инаку, ова е голем удар за Вардар. Сите сме разочарани од резултатот и од елиминацијата. Играчите разговараа во соблекувалната, си кажаа и некои работи во афект. Критиките од навивачите се издржани и ние сите треба да се замислиме“, изјави Александар Васоски.
Тој седна на клупата само пред неколку дена, откако беше сменет Бобан Бабунски. Токму Бабунски, заедно со Дарко Панчев, Самоил Симев, Мирко Спасески, Илија Најдоски и со газдата Сергеј Самсоненко, направија огромни грешки во овој летен преоден рок, и казната во Европа веднаш стигна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА