ФОТО НА ДЕНОТ: Јонуз го гушна Грне…Шефе, шефе, ќе ме земеш ли и мене во ФФМ?!

Поранешниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров, кој се „прослави“ со изјавите против Дарко Панчев во сајтот што важи за до него близок, дојде да го гледа својот поранешен тим, кој не му го продолжи договорот. Сега е слободен агент и се уште не кажал дали ќе ја заврши кариерата, ама некако случајно, а може и не, се најде на трибините со Мирсад Јонуз, поранешниот селектор, кој по долго, долго време, се појави на стадион. И тоа, на денот кога си замина Илчо Ѓорѓиоски од претседателското место во ФФМ.

Може и двајцата си меркаат позиција…Не е тешко и да се претпостави муабетот од блиската средба…

„Шефе, шефе, ќе ме земеш ли во ФФМ?!“…Тоа сега ќе биде тема број еден во македонскиот фудбал. И таму сите сакаат, отсекогаш..

 

 

Се вчитува...