Судот за спортска арбитража (ЦАС) донесе позитивна одлука која го враќа Милан во европските натпреварувања.
„Росонерите“ пред неколку седмици од УЕФА беа исфрлени од европските натпреварувања поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј, но нивната жалба беше прифатена и Милан ќе игра во Лига Европа.
Интересно во целиот случај е што Милан побара од УЕФА да им достави извештај за финансискиот фер-плеј на ПСЖ, Манчестер сити и на Интер, а откако беа прегледани извештаите ЦАС одлучи да ја поништи одлуката на УЕФА и Милан ќе може да игра во Лига Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА