Штерјов и Караколев потпишаа за Кожув

Александар Штерјов и Никола Караколев од денеска и официјално се нови членови на Кожув, потпишувајќи едногодишни договори со клубот од Гевгелија. Она што ЕКИПА го најави во текот на вчерашниот ден, денеска се официјализираше откако двајцата доскорешни кошаркари на Куманово решија да го напуштат овој клуб и среќата да си ја побараат во јужниот дел од земјата.

Штерјов сигурно ќе донесе дополнителен квалитет во играта под обрачите, додека Караколев со своето искуство ќе им биде од помош на помладите играчи од надворешната линија на Кожув, во домашното првенство, но и во натпреварите од БИБЛ-лигата.

Со ангажманот на овие двајца кошаркари Кожув е многу близу до комплетирање на ростерот, а како последно засилување за летово се споменува искусниот плејмејкер Јане Петровски, кој ланската сезона ја мина во дресот на Фени индустри.

Се вчитува...