Вест хем го купува Вида за 22 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Вест хем е сериозно заинтересиран за ангажман на хрватскиот репрезентативец Домагој Вида. Менаџерот Мануел Пелегрини смета дека со него одбраната би била мноу поцврста во претстојната сезона и подготвен е да плати 22 милиони евра за неговите услуги.

Бешикташ, чиј член е Вида, најверојатно ќе го искористи моментот за да инкасира од трансферот на одбранбениот фудбалер, кој имаше фантастични настапи на Светското првенство во Русија. Покрај Вест хем, интерес за Вида покажуваат и Евертон и Лестер, како и шпанските клубови Атлетико Мадрид и Севилја.

 

Се вчитува...