Младинците го „скршија мразот“, Кире Лазаров ги бодреше од трибините (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младите македонски ракометари имаа силна поддршка од трибините во стартната победа против репрезентацијата на В.Британија (32-15) на ЕХФ шампионатот што почна денеска во Скопје.

Кире Лазаров заедно со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски, го следеше настапот на македонската ракометна иднина од трибините на СЦ „Борис Трајковски“.

Според рејтингот на противникот и односот на силите, се освен победа на Македонија во овој дуел ќе беше рамно на сензација. Но, убедливата победа на стартот сигурно носи дополнителна самодоверба за избраниците на селекторот Данило Брестовац за предизвикот што ги очекува во наредните денови во кои ќе се борат да го освојат шампионатот и да обезбедат место во европската ракометна елита на следното младинско ЕП.

 

Се вчитува...