Годинашното издание на Интернационалниот Куп ан шампионите, еден од најсилните подготвителни турнири, почна со дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Манчестер сити во Чикаго, на кој славеа „милионерите“ со 1-0.
Борусија на терен излезе во нешто посилен состав, додека Гвардиола се одлучи шанса да им даде главно на помладите фудбалери. Одлучувачкиот момент беше во 28. минута кога Геце погоди од белата точка…
Гвардиола во Чикаго му даде шанса и на новото засилување Ријад Махрез од Лестер, кој во своето деби пружи добра партија. Од ѕвездите на Сити играа голманот Клаудио Браво, како и Лерој Сане, додека можност да се наметнат добија Луиз, Харисон, Гарсија, Болтон… По долго време настап за Сити запиша и Џо Харт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА