Крај на „сапуницата“ – Головин се сели во Франција

Александер Головин летово дефинитивно ја напушта ЦСКА Москва, но негова следна дестинација нема да бидат Челси, Барселона или Јувентус, три гиганти кои покажаа сериозен интерес да го доведат рускиот репрезентативец за време на СП 2018. Францускиот прволигаш Монако ќе биде новиот клуб на Головин, откако беа договорени сите детали за трансферот вреден 30 милиони евра, што ќе биде официјализиран во текот на викендов.

До пред извесно време делуваше дека Челси е огромен фаворит во оваа трка, пред се поради блиските врски на Роман Абрамович со челниците на ЦСКА. Сепак, рускиот газда на Челси не понуди повеќе од 20 милиони евра, па кога стигна понудата од 30 милиони од „кнезовите“ од Монако за раководството на рускиот гигант немаше никакви дилеми.

Се вчитува...