Челси не го продава Азар на Реал Мадрид ниту за 200 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Челси нема намера да го продаде својот најдобар фудбалер Еден Азар во Реал Мадрид ниту за 200 милиони евра. „Кралскиот клуб“ притиска за ангажман на Белгиецот и бара нова мегаѕвезда откако Кристијано Роналдо ова лето го напушти „Сантијаго Бернабеу“, но лондонскиот тим со сите сили ќе се бори да го задржи Азар во своите редови.

Раководството на клубот и новиот менаџер Маурицио Сари подготвуваат нов договор за Еден Азар, според кој белгискиот репрезентативец би останал на „Стемфорд бриџ“ и по 2020 година, а би заработувал 300.000 фунти неделно. Сепак, фудбалерот инсистира да си замине и тоа е големата главоболка за челниците на Челси.

„Сините“’ од Лондон оваа сезона нема да играат во Лигата на шампионите, а најдобрите фудбалери секогаш имаат амбиции да бидат дел од елитното европско клупско натпреварување. Азар веќе подолг период кокетира со Реал Мадрид, а ова лето се чини дека трансферот е најблиску до реализација. „Кралевите“ се очекува да испратат понуда од 130 милиони евра за белгискиот офанзивец.

Се вчитува...