Шкендија ќе игра против австриски Салцбург во 3. квалификациско коло за Лигата на шампионите, ако го мине претходно Шериф Тираспол, одлучи денешната ждрепка во УЕФА.
Ако успее најпрво да го мине молдавскиот шампион, Шкендија ја чека тешка задача против Салцбург, кој заедно со Селтик, беше еден од најтешките можни противинци за третото квалификациско коло.
Динамо Загреб, во чии редови е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, во третото коло, ако го мине Хапоел Бер Шева, ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Астана и Митјиланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА