Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи смета дека неговиот тим го чека исклучително тежок натпревар против молдавскиот шампион Шериф Тираспол на утрешниот прв дуел од 2. квалификациско коло за ЛШ.
Но, Османи потенцира дека Шкендија е подготвена за предизвикот која ја очекува…
„Шкендија е подготвена за утрешниот натпревар против Шериф. Го анализиравме ривалот, ги гледавме последните пет нивни натпревари, се работи за навистина квалитетен тим. На првиот двомеч со ТНС се претставивме во две различни изданија дома и на гости, ќе се обидеме сега да ја задржиме концентрацијата на високо ниво, тоа може да биде клучно. На местото на повредениот Радески ќе игра Ремзифаик Селмани“ – рече Османи на денешната прес-конференција на „Филип Втори“.
Стратегот на тетовци се осврна и на оној голем кикс кој тимот го доживеа во Велс на реванш дуелот од првото коло против ТНС и поразот од 4-0…
„Направив четири замени, игравме на вештачка трева и тоа ни претставуваше проблем. Но, извлековме некои поуки од тој меч во Велс. Ни мислам декаклучно беше што влеговме опуштени по триумфот од 5-0 во Скопје, и тоа не чинеше. Тоа не смее да се повтори“ – истакна Османи.
Официјалниот тренинг денеска Шкендија ќе го одработи од 18:30 часот, а веднаш потоа е и тренингот на гостиет на нашиот најголем стадион.Натпреварот меѓу Шкендија и Шериф Тираспол се игра утре од 20:15 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА