Германската фудбалска федерација ги отфрла обвинувањата на Месут Озил за расизам, но прифаќа дека можело да биде направено повеќе за тој да биде заштитен од притисоците. Реакцијата на федерација доаѓа откако 29-годишниот Озил најави повлекување од националниот фудбалски тим тврдејќи дека го погодиле „расизмот и непочитувањето“ во германскиот фудбал. Тој тврди дека добивал мејлови со навреди во кои бил обвинуван за неуспехот на Германија на Светското првенство во Русија.
„Жалиме за одлуката на Озил да го напушти националниот тим. Ги отфрламе сите тврдење дека ДФБ е некако поврзана со расизам. Многу години федерацијата е силно инволвирана во интеграциските процеси во Германија“ – стои во соопштението од германската федерација.
Озил беше цел на критики и поради фотографијата со турскиот претседател Ергодан која се појави во пресрет на Мундијалот. Тој рече дека не жали за фотографијата и дека повторно би го сторил истото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА