Рома најактивна на пазарот: Дојде Олсен, си замина Дефрел

Италијанскиот калчолигаш Рома направи одлична зделка со продажбата на голманот Алисон Бекер во Ливерпул. Го продаде за рекордни 75 милиони евра, а успеа да доведе нов чувар на мрежата за 8 милиони евра. Нова аквизиција на „волчицата“ е Робин Олсен, кој веќе пристигна на „Олимпико“, а во текот на денешниот ден ќе ги мине деталните лекарски прегледи и ќе потпише договор со клубот.

Тоа не е се од Рома. Во тек се обидите да се обноват преговорите со Бордо и да се добие трката за Малком, откако францускиот клуб синоќа прифати 32 милиони евра од „волчицата“, па потоа го блокираше трансферот откако Барса се вклучи во трката. Сега Рома е подготвена да плати 35 милиони, но останува да се види дали тоа ќе биде доволно за да се ангажира Бразилецот.

Договорено е и уште едно заминување од „Олимпико“, станува збор за напаѓачот Дефрел, кој не се снајде најдобро во Рома, па следната сезона ќе ја мине на позајмица во Сампдорија. Тимот од Џенова ќе плати 1,5 милиони евра за позајмицата, со можност на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор со Рома за 18 милиони евра.

Се вчитува...