Агентот во одбрана на Озил: Ули Хенес, ти си срам за германскиот фудбал

Агентот на Месут Озил, Еркут Согут, му одговори брутално на претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, за критиките на сметка на германскиот интернационалец. Тој вели дека изјавите на Хенес се „будалести“.

„Не само што се срами себе си, тој е срам и за германскиот фудбал и за луѓето во Германија. Неговите изјави немаат никаква врска со фудбалот. Тој комплeтно ја промашил поентата. Се обидува да го одвлече вниманието од суштинскиот проблем, проблемот со расизмот и со дискриминацијата во германското општество“ – вели Согут.

Месут Озил објави повлекување од германската репрезентација, напиша дека ја прифаќа одговорност за слабите изданија, но се пожали и на расистичкиот однос кон него, особено по елиминацијата од Светското првенство во Русија. Ули Хенес пак го нападна велејќи дека се вади на расизмот, а всушност не одиграл апслоутно ништо во последниве години.

„Ако Месут е толку лош фудбалер што зборува тоа за критериумите на Јоаким Лев, Арсен Венгер и на Жозе Мурињо? Ова се тројца елитни менаџери кои имаат високо мислење за него и го оценуваат како еден од најдобрите на неговата позиција. Смешно е Хенес да мисли дека неговото мислење е порелевантно од тоа на овие тренери“ – завршува Согут.

Повлекувањето на Месут Озил од репрезентацијата, а особено неговите обвинувања за расизам длабоко ја поделија  германската јавност. Реагираше и фудбалската федерација која на одреден начин му признава на Озил дека можеби бил жртва на дискриминација со тоа што  во официјалнот став се вели дека „можело да биде направено повеќе за тој да биде заштитен од вознемирувања“.

 

 

 

Се вчитува...