Тренерот на Шериф Тираспол, Горан Сабљиќ смета дека шансите и понатаму се подеднакви за двата тима за пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Шкендија славеше минимално со 1-0 против Молдавците, но Сабљиќ потенцира дека ништо не е драстично променето па на домашен терен ќе се обидат да го елиминираат македонскиот шампион.
„Го отворивме мечот многу лошо. Во првиот дел не игравме според договореното и Шкендија заслужено дојде до предност. Но, во вториот дел бевме поагресивни, се играше викторија пред голот на Шкендија, но ете не успеавме да израмниме. Ќе се обидеме да надоместиме во реваншот. Мислам дека шансите се се уште 50-50, а ние ќе се обидеме да ја искористиме предноста на домашен терен за да продолжиме понатаму во Лигата на европските шампиони“ – рече Сабљиќ по мечот на „Филип Втори“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА