Проблеми во „рајот“: Фенер им должи над осум милиони евра на кошаркар(к)ите

Фенербахче во последните години беше дел од самиот европски кошаркарски крем, но во последно време турскиот гигант се соочува со сериозни финансиски проблеми. Уште при новите претседателски избори и доаѓањето на Али Коч на чело на спортскиот колектив беа најавени проблеми и намалувања на буџетите на останатите секции освен фудбалската, а последните информации говорат за сериозни долгови од над сум милиони евра кон членовите на машкиот и женскиот кошаркарски колектив.

Ова го потврди и самиот Коч, кој не го крие разочарувањето што не бил во можност да го испочитува даденото ветување кон тренерот Жељко Обрадовиќ.

„Имавме проблеми со приливот на средства и не бев во можност да го исполнам ветувањето кон Обрадовиќ, дека кошаркарите и тренерите платите ќе ги земаат на време. Првата рата се поклопи со обврските кон Евролигата за билетите за Ф4 турнирт, старата управа ги немаше платено и ние моравме да ги насочиме парите таму. Ситуацијата полека се стабилизира, се надевам дека наскоро се ќе се врати во нормала“ – изјави Коч.

Барем засега претседателот на Фенер не најавува намалување на буџетот на кошаркарскиот колектив, но медиумите не ја отфрлаат можноста за такво нешто во иднина.

Се вчитува...