ЛШ: Селтик и Ајакс со триумфи на домашен терен

Селтик и Ајакс остварија победи на домашен терен во првите мечеви од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Селтик со 3-1 го победи Розенборг, додека Ајакс славеше со 2-0 против Штурм. Реваншите ќе се играат на 1.август.

Селтик успеа со пресврт да стигне до победа против Розенборг. Норвешкиот претставник прв поведе со голот на Биргер Мелинг во 16.минута, но пред крајот на првиот дел израмни Одсон Едуард. На почетокот од второто полувреме Оливие Нчам донесе предност за Селтик, а Одсон Едуард со вториот свој гол го постави конечниот епилог, 3-1.

Ајакс на арената „Јохан Кројф“ го совлада австрискиот Штурм со 2-0. Хаким Зијеч го постигна првиот гол за холандскиот тим, додека Ласе Шоне во вториот дел постигна уште еден погодок за Ајакс, за солидна предност пред реваншот во Австрија.

Се вчитува...