Шејн Ларкин повторно ќе биде дел од Евролигата откако американскиот кошаркар по една година во дресот на Бостон селтикс реши да се врати назад на Стариот континент. Анадолу Ефес ќе биде нов клуб на Ларкин, откако денеска беше потпишан едногодишен договор меѓу двете страни, со што турскиот гигант излезе како победник од оваа трка, во која учествуваа и Фенербахче и Басконија.
Ларкин (25 години) го привлече врз себе вниманието со извонредните настапи во дресот на Басконија во сезоната 2016/17, кога ја одведе оваа екипа и до фајналфор турнирот во просек бележејќи по 13,1 поени, 5,7 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар.
Местото на Ларкин во тимот на Бостон селтикс го зазеде друг Американец кој доаѓа од Евролигата, Бредли Вонамејкер од редовите на Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА