Новата натпреварувачка сезона од „Серија А“ ќе стартува на 18 август, а шампионот Јувентус во првото коло би требало да има лесна задача на гостувањето во Верона против Киево. Ова воедно би требало да биде и деби на Кристијано Роналдо во италијанскиот шампионат, по мегатрансферот што Португалецот летово го направи од редовите на Реал Мадрид.
Горан Пандев со Џенова во првото коло ќе гостува на „Сан Сиро“ на тимот на Милан, фудбалерите на Интер ќе му гостуваат на Интер, вицешампионот Наполи ќе има тешка задача на дербито во Рим против Лацио, додека Рома на стартот ја очекува незгодно гостување против Торино.
Највозбудливо се очекува да биде во осмото коло, кога Јувентус ќе се сретне со Наполи, а во рамките од истата рунда ќе се игра и градското дерби меѓу Рома и Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА