Бернард од Шахтјор пред вратите на Челси

Крилниот играч на Шахтјор Доњецк, бразилскиот интернационалец Бернард, треба да биде ново засилување за Челси во овој летен преоден рок. Според бразилските медиуми, Бернард ја прифатил понудата да се пресели на „Стемфорд бриџ“, откако истече неговиот договор со Шахтјор. Тој ќе дојде како слободен агент, и ќе потпише четиригодишен договор.

Дури 12 клубови испратиле понуди до 25-годишниот фудбалер, меѓу кои и Монако, Бенфика, Вест хем, Лестер и бразилскиот Палмеирас, но тој, како што открива „Глобо Еспорте“, го одбрал Челси. Се очекува во текот на викендот тој и официјално да стави потпис на договор со лондонскиот клуб.

Се вчитува...