Шкендија е најдобриот македонски клуб согласно најновата УЕФА клупска ранг листа објавена денеска.
Тетовци, на најновото рангирање, успеаја да го минат Вардар кој значително го расипа својот ранкинг коефициент по двата порази од аутсајдерот Пјуник во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. На сметка на тоа, победите на Шкендија против велшки ТНС и молдавски Шериф Тираспол, иако беше аутсајдер и против двата противници, и донесеа дополнителни поени за напредок на ранг листата.
Во моментов Шкендија со коефициент – 5.500 е на 163. место меѓу најдобрите клубови од Европа, додека Вардар сега со коефициент – 5.000 падна на 180. место.
Останатите македонски клубови, кои го преземаат рејтинг коефициентот на земјата – 1.575, се на делба на 360. место од вкупно 449 европски клубови, колку што се рангирани на најновата листа на УЕФА.
Во ранкингот на земјите, а според ефектот на клубовите во европските клупски натпреварувања, Македонија е на 34. место (коефициент 7.878) од вкупно 55 земји членки на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА