Скопје и Македонија од денеска и официјално се домаќини на европскиот шампионат за кошаркари до 18 години – Б дивизија, првенство на кое нашите млади играчи ќе се обидат да остварат добар резултат и да обезбедат промоција во елитното друштво. Задачата не е нималку наивна, ривалите во групата се незгодни (Чешка, Холандија, Израел, Исланд и Луксембург), но избраниците на селекторот Панче Милевски прикажаа добри игри во подготвителниот период, па сега со прикриен оптимизам влегуваат во шампионатот, почнувајќи од денешниот дуел со Исланд (18.45 часот, СРЦ Кале).
„Очекувам тимска игра и давање максимум во секој момент од секој играч. Би сакал да продолжиме во исто темпо, победничко, како и за време на подготовките. Не сакам однапред да прогнозирам и да претскажувам успеси, неуспеси и пласмани, па и да звучам песимистички, но наше е на секој еден натпревар да одиме на победа. Имавме одлични услови за подготовки, работевме напорно и очекувам добар настап на првенството“ – истакна предводникот на оваа репрезентација, Панче Милевски.
Јуниорите сите натпревари од групанта фаза ќе ги одиграат во големата сала при СРЦ Кале, со почеток во 18часот и 45 минути. Влезот ќе биде слободен за сите кои ќе сакаат да ги поддржат кошаркарите од трибините.
Подобра слика околу шансите за висок пласман ќе имаме веќе по денешниот дуел со Исланд, на кој победата е императив/.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА