Лондонски Челси најде замена за Тибоа Куртоа. Белгискиот голман до крајот на преодниот рок треба да потпише за Реал Мадрид, па позицијата прв голман во Челси останува испразнета.
Како што наведува „Скај спорт“, Челси како идеална замена за Куртоа го гледа голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, кого ќе се обиде да го доведе во своите редови.
Пикфорд веројатно нема воопшто ефтино да ги чини. Тимот од „Гудисон“ од Сандерленд минатото лето го плати дури 30 милиони фунти, па затоа сега неговата цена нема сигурно да биде помала од 50 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА