Баерн Минхен ќе купува во Неапол

Германскиот првак Баерн Минхен има нов тренер, а Нико Ковач си донесе и нови идеи. Тој го посакува полскиот интернационалец Пјотр Зиелински на „Алијанц арена“. Тој минатата сезона се наметна како еден од главните играчи во тимот на Наполи, а имаше забележителна улога и во полскиот национален тим.

Ковач го посакува Зиелински како освежување за средниот ред, со оглед дека повеќе од сигурно е заминувањето на Артуро Видал, а можно е да биде продаден и Тијаго Алкантара доколку пристигне примамлива понуда до крајот на преодниот рок. За Зиелински, Баерн Минхен е подготвен да плати 30 милиони евра.

Полјакот е на листата на желби и на неговиот поранешен тренер, Маурицио Сари, кој неодамна беше именуван за нов менаџер на англискиот Челси.

Се вчитува...