Две ремек-дела и пенал-рулет: Јуве подобар од Бенфика (видео)

Јувентус по подобро изведување на пеналите славеше на контролниот меч во САД против Бенфика, откако во 90 минути игра резултатот гласеше 1-1, а навивачите можеа да уживаат во одлично издание на двата тима.

Јуве промаши неколку шанси, па казната стигна во второто полувреме кога Грималдо постигна феноменален погодок од слободен удар. Бенатија ја погоди гредата при резултат 0-1, за потоа конечните 1-1 да ги постави младиот Клеменца.

Во пенал-рулетот поумешни беа „црно-белите“, триумфирајќи со 4-2 за своја втора победа на турнејата во САД, по онаа од 2-0 на дуелот со Баерн Минхен.

Се вчитува...