Шкендија ’летна’ за Молдавија со еден гол во куферот

Македонскиот првак Шкендија утрово отпатува за Молдавија, каде во вторник ќе го одигра реванш мечот против Шериф Тираспол во рамките на второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Тренерот Ќатип Османи и фудбалерите во куферот имаат и еден гол предност, што го обезбедија по првите 90 минути во Скопје, со голот на Бесарт Ибраими од слободен удар.

Долг и напорен пат ги чека тетовци до Тираспол. Прво летаат до Истанбул, потоа до Кишињев, а на крајот со автобус ќе продолжат до Тираспол. Но, ќе имаат и доволно време да се одморат и да се подготват за дуелот што ќе се игра во вторник, со почеток во 19 часот.

Се вчитува...