Европскиот првак Реал Мадрид засега е многу мирен кога е во прашање летниот преоден рок и новите засилувања. Се очекуваше ерупција на „Сантијаго Бернабеу“ по мегатрансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, но можно е тоа да се случи и во наредните денови. „Кралевите“ се насочија кон Островот, а покрај Еден Азар, Тибо Куртоа и Вилијан од Челси, на радарот е и Хари Мегвајер, дефанзивецот на Лестер.
Одбранбениот фудбалер прикажа фантастични игри во дресот на Англија на Светското првенство, и за него сериозен интерес покажа Манчестер јунајтед, но очигледно дека ќе има потешка задача, затоа што во трката се вклучи и Реал Мадрид. Лестер за Мегвајер бара 75 милиони евра, иако претходно го доведе од Хал за само 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА