Пеп Гвардиола може да здивне откако лекарскиот тим на Манчестер сити му донесе убава вест – повредата на Ријад Марез заработена на натпреварот со Баерн Минхен не е од посериозна природа. Алжирец беше забележан како се движи со помош на патерици на аеродромот пред тргнувањето назад за Англија, се стравуваше дека повредата е сериозна, но деталните прегледи покажаа дека Марез експресно ќе може да се врати на терените.
„Ријад Марез се повреди против Баерн, но деталните прегледи покажаа дека нема никакво оштетување на лигаментите на скочниот зглоб. Очекуваме тој да биде во конкуренција за настап против Челси, на мечот од „Комјунити шилд“ што ќе се игра наредната недела“ – се вели во соопштението на англискиот првак.
Алжирецот сигурно ќе му биде од огромна помош на Гвардиола на самиот старт на сезоната, со оглед на фактот дека голем дел од првитимците со задоцнување ги стартуваат подготовките поради настапот до самата завршница на СП 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА