Нов преоден рок и повторно Единсон Кавани е во фокусот на вниманието по најавите за заминување од ПСЖ. Конфликтот што уругвајскиот ас го имаше со Нејмар во текот на ланската сезона придонесе Кавани да биде најавуван како сигурно заминување од „Паркот на принцовите“, но новиот тренер Томас Тухел е убеден дека може да ги смири страстите меѓу двете големи голгетерски ѕвезди.
„Знам што пишуваат весниците, но јас зборував со Кавани и не добив впечаток дека тој ќе си замине од ПСЖ. Напротив, и двајцата говоревме за иднината на клубот и нашите заеднички амбиции да освојуваме трофеи со оваа екипа. Од она што разговаравме, ниту во една секунда не се посомневав дека Кавани ќе остане дел од ПСЖ“ – истакна Тухел.
Реал Мадрид беше споменуван како најсериозен кандидат за ангажман на Уругваецот, но како што стојат работите овој одличен голгетер и во наредната сезона ќе остане на „Паркот на принцовите“ во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА