Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани е се уште без клуб, а би можел и воопшто да не реализира трансфер, туку да стане најголемото засилување за Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите против австрискиот клуб Салцбург. Тој не се договори за продолжување на договорот со раководството на Шкендија пред стартот на подготовките, и чека(ше) трансфер во Турција.
Но, новата ситуација може да го промени планот. На Шкендија секако и е потребен екстра квалитетен играч како Ферхан Хасани за дуелите со Салцбург, а клубот веќе заработи и повеќе од доволно за да му понуди одлични услови на офанзивниот играч за врска за обновување на соработката. Засега ова е само идеја, но би можела да стане реалност веќе во текот на денешниот ден. Со евентуалниот потпис на Хасани, ќе се зголемат и желбите и амбициите на Шкендија и против Салцбург, кој минатата сезона стигна до полуфиналето во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА