Серена Вилијамс го претрпе најубедливиот пораз во својата фантастична кариера, откако славната Американка беше декласирана од Јохана Конта со неверојатни 6-1, 6-0 на турнирот во Сан Хозе.
Конта, која моментно се наоѓа на 48. место на ВТА-листата, освои неверојатни 12 гејма во низа, па по почетното водство на Вилијамс од 0-1 британската тенисерка триумфираше на секој гејм до самиот крај на мечот.
Американката направи седум двојни сервис грешки, имаше и 25 неизнудени грешки, што придонесе да се случи ваков дебакл.
„Знам дека можам да играм милион пати подобро, но тоа не ми значи ништо во моментов. Не сум шокирана што губам, но ваков резултат дефинитивно не очекував“ – изјави Вилијамс.
Претходно, нејзиниот најубедлив пораз во кариерата беше од Симона Халеп, кога во 2014 година загуби од Романката со 6-2, 6-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА