Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ не сака да се пресели од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед. Тој ја одбил понудата од тимот од „Олд Трафорд“ вредна 60 милиони евра. Ковачиќ смета дека во Јунајтед нема да добие шанса повеќе во Реал.
Во текот на минатиот месец се шпекулираше дека за Ковачиќ е заинтересиран Манчестер сити, но премиерлигашкиот шампион не бил подготвен да плати 80 милиони евра колку што тогаш за него бараше Реал Мадрид.
Матео Ковачиќ на „Сантијаго Бернабеу“ дојде во 2015 година од Интер. Последните информации од Шпанија сепак велат дека „кралскиот клуб“ сака да го задржи Хрватот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА