Во Белград се одржа состанок на челниците на ИТКФ и на ЕТКФ на кој присуствуваа: д-р. Дејан Недев -директор на ИТКФ, д-р. Џилберто Гартнер – претседател на ИТКФ, д-р. Владимир Јорга – претседател на ЕТКФ и проф. Венцислав Недев – претседател на техничката комисија на ЕТКФ.
На состанокот беше дискутирано на повеќе теми и се донесоа многу важни одлуки за развојот на традиционалното карате во светот и Европа. Беше разговарано и за организацијата на претстојните меѓународни шампионати како ЕТКФ Европскиот шампионат кој од 14. до 16. септември ќе се одржи во Белград, потоа за организација на ИТКФ светскиот куп во Куритиба, Бразил од 9. до 11. ноември, како и за организација на Европскиот фудокан шампионат кој од 7. до 9. декември ќе се одржи во Порторож, Словенија.
Исто така на состанокот беше донесен и календарот на активности на ИТКФ и ЕТКФ за 2019 и 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА