Австрискиот првак Ред Бул Салцбург е следниот ривал на Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Овој тим минатата сезона стигна до самата завршница во Лигата на Европа и јасно е дека има огромно искуство на меѓународна сцена. Но, и Шкендија има свои шанси и силен тим, тоа го потенцира и напаѓачот на австрискиот тим, Монес Дабур.
„Шкендија е силен тим, имаме некои првични информации за нивниот состав и за начинот на кој играат. Сигурно во наредните неколку дена стручниот штаб детално ќе ги анализира и ќе добиеме инструкции како да се однесуваме на претстојниот двомеч. Во секој случај, не бегаме од улогата на фаворити и ќе се потрудиме тоа да го потврдиме на самиот терен“, изјави Монес Дабур.
Првиот натпревар меѓу Салцбург и Шкендија е закажан за 8.август (среда), со почеток во 19 часот, во Австрија, додека реваншот е во Скопје шест дена подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА