Партизан ремизираше во Литванија против Тракаи (1-1) и се пласираше во третата квалификациска рунда за Лигата на Европа, но Мирослав Ѓукиќ дефинитивно нема да ги води „црно-белите“ во наредните предизвици.
Тој неколку пати досега „преживуваше“ при обидите за негова смена, но овојпат одлуката е донесена, на Ѓукиќ веднаш по доаѓањето од Литванија ќе му биде врачен отказ, а веќе е избран и неговиот наследник на клупата на „црно-белите“.
Станува збор за поранешниот српски репрезентативец Зоран Мирковиќ, кој за асистент ќе земе уште еден екс-играч на Партизан, Гордан Петриќ.
Белградскиот клуб во следната рунда од квалификациите за ЛЕ ќе се сретне со Митјиланд од Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА