Мареј можеби нема да игра во четвртфиналето во Вашингтон

Поранешниот тенисер број еден во светот, Енди Мареј, во солзи го дочека крајот на дуелот со Романецот Мариус Копил на турнирот во Вашингтон на кој славеше во исцрпувачки и долги три сета. Британецот во четвртфиналето треба да се сретне со Австралиецот Алекс де Минаур.

Мареј најави дека можеби нема да може да се појави во четвртфиналето.

„ Не знам како се очекува од играчите да го издржат ова. Моето тело е во лоша состојба во моментов. Да се завршуваат мечевите во три наутро не е добро за никого, ниту за тенисерите, ниту за навивачите, ниту пак за телевизиите“ – рече Мареј по победата.

За британскиот тенисер ова е само трет турнир по операцијата на колкот во јануари годинава. Мечот против Минаур ќе биде негово прво четвртфинале по Вимблдон 2017 година.

Енди Мареј во моментов е на 832. позиција на АТП листата.

 

Се вчитува...