Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал од Баерн Минхен се сели во Барселона. Каталонскиот гигант реагираше побрзо од Интер и успеа да го обезбеди потписот на одличниот играч за врска. Со тоа Ернесто Валверде се чини дека на одличен начин ги замени Андрес Иниеста и Паулињо кои ова лето си заминаа од „Камп Ноу“. Пристигнаа Бразилците Малком и Артур, како и Артуро Видал.
Барселона на Баерн Минхен ќе му плати 30 милиони евра, а Артуро Видал ќе потпише тригодишен договор. Се е договорено, останува Чилеанецот да ги мине лекарските прегледи, по што договорот и официјално ќе стапи на сила.
„Благодарност до Баерн Минхен и до сита фанови на клубот. Поминав одличен период како член на клубот и тоа секогаш ќе го паметам“, изјави Артуро Видал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА