Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, почна да ги чувствува главоболките што во минатото ги имаше Арсен Венгер. Сезоната во Премиер – лигата не е ни почната, а „топчиите“ останаа без Сеад Колашинац. Босанскиот интернационалец заработи повреда на коленото на мечот од Интернационалниот куп на шампионите против Челси, кој се одигра во Даблин. По деталните лекарски прегледи дека повредата воопшто не е наивна.
Колашинац ќе мора да паузира од 8 до 10 седмици, што значи дека ќе пропушти значаен дел од новата сезона. Тој игра на позицијата лев бек, каде Арсенал е „тенок“, а може да ја пополни и централната одбранбена линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА