Фени индустри ги засили своите редови со двајца странски кошаркари, откако кавадаречкиот клуб денеска потпиша договори со Американците Лук Мејер и Доминик Елиот.
Мејер е крилен кошаркар со одлични предиспозиции кој доаѓа од Универзитетот ЦМУ (Централ Мичиген), каде ланската сезона постигнуваше по 9,8 поени и 4,8 скокови по натпревар.
Што се однесува до Доминик Елиот, овој кошаркар најдобро се снаоѓа како крилен центар. Првиот европски ангажман му беше во словенечкиот АБА-лигаш Крка, а ланската сезона настапуваше најпрвин во Швајцарија, а потоа и во исландскиот прволигаш Кефлавик.
Претходно Фени индустри потпиша договор и со капитенот Јане Петровски, а се очекува во текот на следната седмица да бидат ангажирани и уште неколку домашни играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА